Киндер – пингвин торта

Доколку имате значаен настан на повидок и ви е потребен десерт, имаме одличен преглог за вас кој ве уверуваме дека на сите ќе им се допадне. Киндер-пингвин тортата, не само што изгледа одлично, туку и е неверојатно вкусна.

Состојки:

Тесто:

6 Јајца
8 лажици шеќер
10 лажици зејтин
10 лажици млеко
3 лажици какао
10 лажици брашно
1 кесичка прашок за пециво

Фил:

1 л. млеко
9 лажички густин
10 лажици шеќер
80 г. маргарин
125 мл. хопла

Чоколаден прелив:

500 мл. хопла
250 г. чоколадо за готвење

Подготовка:

1. Тесто:

Добро изматете ги белките, додадете шеќер, жолчка од јајце, зејтин, какао, брашно и помешајте ги со прашокот за пециво. Печете околу 30 минути на 150°.
Кога ќе се олади, исечете го тестото хоризонтално за да се добијат две кори.

2. Фил:

Со малку млеко измешајте ги густинот и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го да зоврие и сварете го кремот. Почекајте малку да се олади и додека е сеуште млак, додадете маргарин, промешајте и кремот е готов.

3. Чоколаден прелив:

Смесата за шлаг ставете ја на оган да зоврие, потоа изгасете ја плочата, додадете чоколадо и мешајте додека целосно не се растопи.

На првата кора ставете половина од филот, па половина од чоколадниот прелив и ставете ја во змрзнувачот додека да се зацврсти. Потоа додадете ја другата половина на кремот и кората и прелиете ја со остатокот од чоколадниот прелив. Декорирајте со ореви, кокос, овошје или нешто по ваш избор.

Уживајте!

- Реклама -