Канје и Ким: За нашата љубов ќе се зборува, ние сме како Ромео и Јулија

Иако Ким во текот на годините беше во разни врски, Канје трпеливо ја чекаше и сега откри колку долго е заљубен во мајката на својата ќерка.Во текот на интервјуто со радио водетлката Енџи Мартинез, раперот голем дел од времето разговараше за својата свршеница.

– Ја сакам од првиот момент кога ја здогледав, а не се сеќавам кога точно се случи тоа. Паметам само дека видов нејзина фотографија со Парис Хилтон во Австралија и тогаш прашав која е таа девојка.

Раперот ја спореди нивната врска со трагедијата на Шекспир „Ромео и Јулија“ и додаде дека нивната врска се темели на љубов, а не на пари.

– Нашата љубовна приказна е за сите времиња. Од првиот момент верував дека сме како Ромео и Јулија, само што јас сум рапер, а таа е ријалити ѕвезда.

- Реклама -