Се чини дека Ким пронајде ново магично огледало во резиденцијата на Версаче во Мајами, на кое ги покажува цврстите стомачни и тенката половина.
33-годишната Ким Кардашиан во средата објави фотографија сликана со телефон во огледало на која изгледа видливо потенка отколку на фотографиите направени додека влегувала во резиденцијата на Версаче, носејќи го истиот фустан.
Но подоцна тоа попладне таа одите чекор понатаму и сподели уште едно selfie-фото, овој пат во бикинито на сестра си Кајли Џенер.
Ова ново магично огледало ја покажа линијата на Ким уште потенка од порано. Нејзините стомачни мускули видливо цврсти, и нејзините облини совршено пропорционални.
Гледајќи ја сликата во огледалото претхподно, нејзиниот струк се чини многу повиток од само неколку минути подоцна кога позираше за фотографите на балконот.
Класичниот фустан елегантно го нагласува најтенкиот дел од половината на Ким. Прашањето е како таа успеа да ја постигне таа тенка силуета. Па, несакајќи и покажа дел од спандексот (мидерот)- долна облека која визуелно слабее.
Но, не постои сомнение дека реалити ѕвездата е во одлична форма, откако ја изгуби речиси целата вишок тежина по породувањето со Аткинс диетата.