Бремената Ким Кардашијан уживаше на шопинг со нејзина пријателка во Лос Анџелес, а папараците како и обично го следеа секој нејзин чекор.
Идната 32-годишна мајка облекла црно-бел фустан со кој одлично го сокри трудничкиот стомак. Но, ветерот за малку ќе откриеше нешто друго. Вештата Ким брзо се снајде и за среќа не покажа премногу.
Ким би требало да се породи во јуни, а како што шпекулираат медиумите таа и нејзиното момче Кание Вест ќе станат родители на ќерка.