Многу сум возбудена, искоментирала Ким Кардашијан.
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан прв пат се огласи по породувањето овој викенд и тоа преку електронска порака испратена до нејзиниот пријател, водителот Рајан Сикрест.
Рајан ѝ испратил порака на Ким за да ѝ ја честита приновата.
Ким му одговорила на Рајан: „Не можам да верувам. Ова е толку лудо. Многу, многу сум возбудена“.
Водителот рекол дека ни тој не знае кое име славната двојќа ќе го дадат на ќеркичката, а останатите детали од пораката не сакал да ги открие.
„Целото семејство е среќно за Ким, а на неа ѝ олесна затоа што во последно време беше под голем стрес“, открил извор близок до семејството за Е! Online.