Ким Кардашијан се чини дека ја изгуби титулата кралица на „селфито“, а сето тоа поради слика која за кратко време собра над 200 илјади „лајкови“ на Инстаграм.
Реалити ѕвездата објави дури и книга со „селфи“ слики, која моментално ја промовира, но се чини дека ниту една нејзина слика нема да ѝ донесе популарност како оваа фотографија.
За некое чудо, на оваа слика нема испрчени усни, деколте и задник. Се работи за смешна слика која е направена на тој начин Чивавата да го прекрие лицето на сопственикот, кој токму во тој момент се обидел да направи „селфи“.
Ако постоеше награда за „селфи“, оваа слика веројатно би го освоила првото место, како што забележа еден корисник на интернет. А Ким Кардашијан ќе треба да се задоволи со утешна награда.