Ким веќе била на многу насловни страници, а со „Rolling Stone“ подигна уште една прашина.
Реалити ѕвезда, претприемач, дизајнер, сопруга и мајка Ким Кардашијан е славното лице кое привлекува неверојатна количина на внимание. Без разлика дали ја сакате или не, очигледно е дека нејзиното лице сите го препознаваат , и поради тоа престижното списание Rolling Stone ја стави на насловната страна.
„Мислам дека сум многу попаметна отколку што ме претставуваат во медиумите“, вели Ким која неодамна призна дека ги надмина своите комплекси за телото кога се сликаше гола.
Многумина и префрлаат дека таа стана славна само поради секс видеото, но Ким вели дека тоа одамна го преболи.
„Не смеам да одговорам кој ја пушти таа снимка во јавноста, но навистина повеќе за тоа не размислувам. Долго време тоа ме прогонуваше, но не повеќе. Кога нешто ќе преболам, тогаш тоа е така“, вели сопругата на раперот Канје Вест.
Ким проговори и за најголемата промена во семејството, и при тоа не мислеше на втората бременост. Станува збор, се разбира, за Кејтлин Џенер.
„Се тресев коа прв пат го видов Брус во женска облека. Не знаев дали штотуку ја открив неговата мрачна тајна и дали ќе ми биде пријатно тој да ме однесе до олтарот. Канје е целосна спротивност, тој го живее животот како што сака и вели „ако не можеш да бидеш автентичен и не можеш да го живееш својот живот како што сакаш, тогаш што навистина имаш?“, обаснува Ким која ги повторно ги покажа своите адути на насловната страна.