Милијардерот не бил задоволен со неговата придружничка Ким Кардашиан и се пожалил дека е досадна.
Милијардерот Ричард Лагнер, кој платил 500 илјади долари да го придружува Ким Кардашиан за големиот бал во Виена, се пожалил дека реалити ѕвездата е “здодевна личност“.
Ким со милијардерот не сакала ни да танцува, а тој изјавил: „Ким мене ми е здодевна и ми оди на нерви затоа што не го прави она на што се договоривме“, пишува Radar Online.
Но, TMZ откри дека Ким била таа која налутено го напуштила балот. Наводно неа ја налутил еден маж кој почнал да го имитира нејзиниот вереник Канје Вест, а подоцна друг маж имал расистички коментар поради кој реалити ѕвездата го напуштила балот.
Според TMZ, мажот кој и понудил танц ако оркестарот засвири „Црнчи*** во Виена“, осврнувајќи се на песната на Канје „Црнци*** во Париз“.
Наводно, тоа не бил едниствениот проблем таа ноќ. Ким се пожалила дека Лагнер бил агресивен и дека се обидел да биде сам со неа.
Европскиот милијардер очекувал Ким и нејзината мајка Крис Џенер да бидат постојано покрај него, но реалити ѕвездите отишле во еден ресторан и снимиле сцени за своето реалити шоу.
„Ким снима и не ме сака покрај себе. Мојата придружничка требаше да биде покрај мене, а не на друго место. Така се договоривме“, рекол Лагнер за група новинари.