Само неколку дена пред долго очекуваната свадба, познатата мајка и ќерка се прошетале низ Париз.
Ким Кардашиан со целото семејство се наоѓа во Париз и логично е дека сите објективи се насочени кон нив кога и да излезат.
Но, најмногу внимание сепак предизвика прошетката на Ким со малата Норт. Внимателната мајка ни овој пат не пропушти да се облече и себе и своето бебе во најновата мода. Додека за себе одбрала здолниште кое до последниот милиметар ти отцртува нејзините бујни облини, своето девојче го облекла во преслатко фустанче во сличен тон како и нејзиното здолниште.
Сличноста помеѓу мајката и преслаткото бебе е повеќе од очигледна.