Иако сите очекуваа дека откако стана мајка и идна сопруга, таа конечно ќе се смири и ќе посака мала изолација и одмор од медиумите, сепак, Ким Кардашијан никако да престане да ги убедува сите во спротивното.
Откако сите ги шокираше со учевството во спотот на Кание Вест, за кое дури и нејзиното семејство кажа дека е вулгарно, таа не престанува да се појавува во јавноста во тесни, кратки и оскудни облеки кои ја истакнуваат нејзината видно ослабено фигура на најочигледен можен начин.
Така, таа и во нејзиното последно излегување во јавноста, покажа како под фустанот не носи гаќички. Сепак, се чини дека нејзиниот вереник, Кание Вест, ужива во ваквиот нејзин имиџ, па тие изгледаа совршено среќни.