Ким Кардашијан ќе позира за „Плејбој“?

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан, која ќе се породи во јули доби понуда од магазинот Плејбој да направи сет слики после породувањето. Тие се убедени дека таквиот број би се продавал како луд.

Иако магазините уште сега се натпреваруваат кој прв ќе ги откупи фотографиите за бебето на Кание Вест и Ким Кардашијан, „Плејбој“ се заинтересирани за голото тело на реалити ѕвездата.

Како што наведуваат медиумите, уредништвото на магазинот би сакалo да го повтори сликањето со неа, и први на светот да го прикажат нејзиното тело после бременоста.

kim-kardashian-playboy-outtakes-19

Сепак, останува да се види дали Ким ќе ја прифати ваквата понуда со оглед на тоа што фотосесијата од 2007-та година за овој магазин ја опиша како негативно искуство. Додека на старлетата и било премногу непријатно, нејзината мајка Крис Џенер ја убедувала да продолжи со сликање велејќи и дека „реалното шоу се уште не започнало да се емитува и дека никој не знае која е таа“.

Веруваме дека нејзината мајка би се согласила со одлуката нејзината ќерка повторно да позира за Плејбој, но Кание е навистина заштитнички настроен и не би сакал Ким повторно да поминува низ тоа.

Магазинот „Плејбој“ исто така нема да ја чува отворена понудата уште долго во случај Ким да се двоуми.

- Реклама -