Старлетата Ким Кардашиан прошетала во новиот фустан по улиците на Лос Анџелес, и за среќа за нејзините обожаватели, за фустанот кој се проѕирал таа „заборавила“ градникот да биде дел тој „стајлинг“.
Ким била на ручек со својот сопруг Канје Вест, а по разделбата таа позирала за папараците кои биле во близина.
Со оглед на тоа дека нејзиниот фустан бил проѕирен, папараците добиле многу повеќе отколку што се надевале, па се гледаат и нејзините гради. Повторно.
Таа не се оптоварила многу со овој проблем, со оглед на тоа дека веќе ги има покажано многу пати, уште од почетокот на својата кариера.