Ким Кардашиан излезе во јавност првпат по породувањето

Ким Кардашиан се појави за првпат во јавноста еден месец откако ја роди нејзината ќерка.

Риалити ѕвездата се криеше од очите на јавноста изминатиов месец додека ја чуваше нејзината едномесечна ќерка Норт Вест која ја роди на 15 јуни.

Но, 32 годишната старлета беше забележана кога се обидувала да „избега“ со автомобилот на дадилката во Калифорнија.

article-2366431-18F5B348000005DC-69_634x876

Сведок на настанот за Radar Online изјавил: „Ким изгледа одлично, таа веќе има симнато многу килограми. Не дека нема веќе за симнување, но изгледа слабо и прекрасно“. Тој додал дека Ким и дадилката ја ставиле Норт на задното седиште, но била покриена со ќебе за никој ни случајно да не го види нејзиното лице.

Ким и нејзиното момче Кание Вест се уште не му ја покажаа на светот нивната ќеркичка. Чекаат погоден момент.

article-2366431-1ACC7FA8000005DC-915_634x875

- Реклама -