Од својот изглед и тоа како добро живее и заработува, па реалити ѕвездата Ким Кардашиан сака да ја зачува својата убавина по секоја цена.
Реалити ѕвездата Ким Кардашиан признала дека само еднаш (до сега) пробала ботокс, но тоа не поминало најдобро затоа што добила алергиска реакција. Но, затоа по породувањето е подготвена на козметичка корекција, што и го покажа во новата епизода на реалити шоуто ‘Keepin’ Up With Kardashians’.
Ким и нејзиниот најдобар пријател Џонатан Чебан посетиле пластичен хирург, д-р Симон Ориана затоа што ѕвездата се пожалила на своите збрчкани раце. Но на крај сепак се одлучила да ги корегира градите со ласерски третман за да ги отстрани стриите, кои по породувањето биле видливи. „Што се нема да направам за убавина?“, самата Ким коментирала, а на хирургот се пожалила и на лузната која ја има на палецот на ногата.
Со оглед на третманот на градите кои ги елиминирал недостатоците, големото деколте кое го носеше последните неколку месеци, сега има смисла. Ким очигледно сакала да ја покаже одличната работа на својот хирург. Многу американски медиуми пишуваат дека Ким претерала со операциите и корекциите, а таа од неодамна на својот Твитер профил изјавила: „Срам да ви е што се исмејувате на мојата бременост и на мојот обид на губење на тежината. Не сум совршена, но никогаш нема да одговарам на вашите слаби стандарди!“