По разводот од Брус Џенер, Крис не губи време.
Таа има нов дечко, значително помладо момче, Кори Гејмбл. Сепак, нејзината нова романса ѝ смета на Ким и нејзините сестри.
Ким Кардашијан, една од ќерките на Крис, сакаше да ги открие деталите од нивната врска. Како што вели, нејзината мајка е гласна, и во текот на ноќта таа не може да спие.
„Одвратно е. Креветот удираше во ѕидот. Тој звук ме разбуди. Успеав да заспијам, но повторно ме разбуди. Мислам дека ги слушнав воздишките на мајка ми“, објаснила Ким во најновата епизода на нивното реално шоу.
Неодамна Крис и нејзиниот дечко Кори се видени во ноќен клуб во Лас Вегас. На прашањата за врската со Кори и деталите кои Ким ги изнела во шоуто, Крис одговорила дека е огорчена од прашањата кои ѝ ги поставуваат за нејзинта врска.
„Досадно е што моето семејство сака да знае сè за нашите односи. Јас сакам да живеам свој живот. Сите прашуваат и сакаат одговор. Ме нервира тоа. Имам впечаток дека тие ме мразат- изјавила Крис.
„Со Кори само се дружам. Мислам дека никогаш повеќе нема да се мажам“, рекла Крис.
Но, нејзините деца не мислам така. Кога Клои слушнала што изјавила нејзината мајка, таа коментирала:
„Ние само сакаме да бидеш среќна“, обидувајќи се да ја убеди Крис дека немаат ништо против неа.