Kифлички со мармалад

Брз и едноставен рецепт за оние на кои што им се допаѓа да прават вкусни нешта, а воедно и умеат да уживаат во јадење на истите.

Состојки

1 пакетче лиснато тесто

Мармалад по избор

1 жолчка

3 лажици млеко

малку шеќер во прав

Подготовка

Добро измесете го лиснатото тесто и исечете го на триаголници. На секој триаголник ставете малку мармалад па замотајте ги во облик на кифлички. Редете ги кифличките во тепсијата па премачкајте ги со жолчката и млекото. Загрејте ја рерната на 170 степени, па ставете ги кифличките да се печат околу 25 минути. Кога ќе бидат готови оставете ги малку да се оладат, па послужете ги прелеани со шеќер во прав.

Како да го подготвите лиснатото тесто, можете да видите ТУКА.

- Реклама -