Актерот кој го екранизира Френк Андервуд, Кевин Спејси, во отворено писмо призна дека сака мажи и имал романтични средби со нив.
Спејси за првпат проговори за својата сексуална ориентација откако беше обвинет од актерот Ентони Реп дека се обидел да го заведе кога Реп имал само 14 години.
На тоа, Кевин Спејси одговорил дека го почитува Реп како актер и дека не се сеќава на средбата која тој ја опишува, но и дека доколку навистина се случила, искрено му се извинува.
Оваа ситуација предизвикала актерот да се „отвори“ во поглед на својата сексуална ориентација и тоа дека имал романтични средби и со мажи и со жени во текот на животот.
Реп, пак, се осмелил да проговори за искуството со Спејси откако во Холивуд почнаа во јавност да излегуваат сè повеќе скандали за сексуална злоупотреба од страна на режисери и продуценти.