Откако Боби Кристина Браун, ќерка на починатата дива, беше пронајдена во саботата наутро во несвесна состојба со лицето под вода, се наоѓа во вештачка кома.
Ќерката на познатата пејачка Витни Хјустон и нејзиниот сопруг Боби Браун, ја пронашол сопругот Ник Гордон, кој се обидел да ја оживее пред да пристигне полицијата. Таа била пронајдена со лицето надоле во када.
– Се уште дише, жива е- рекла за CBS Лиза Холанд потпаролка на полицијата и додала дека се водат разговори со сите членови на семејството и пријателите кои се нашле во куќата кога дошла полицијата.
Кристина потоа била префрлена во болницата „Roswell’s North Fulton“, пренесува Daily Mail.
Иако во моментов е во стабилна состојба, се наоѓа во медицински предизвикана кома со оглед на тоа што има отекување на мозокот.
По нејзиното транспортирање во болница, полицијата одлучила да ја протресе куќата во потрага по наркотици.
Несреќата на Боби Кристина се случи само неколку дена пред одбележувњето на тригодишнината на смртта на нејзината мајка, која се удави во када, поради болести на срцето и употреба на кокаин, на 11-ти февруари 2012 година.
По игра на случајности, нејзината ќерка била пронајдена во иста положба како и нејзината мајка за време на смртта.
Се уште никој не ја знае точната причина за колапсот на Кристина, но семејствоот и пријателите велат дека ова е многу тешко време за нив и дека нејзината мајка многу ѝ недостасува.