Ќерката на Синди Крафорд би можела да ја отстрани мајка си од престолот на најубави жени

Синди Крафорд (49) во деведесетитте беше најпосакуван супермодел, а сега е една од најубавите жени во светот.

 

Сепак, се чини дека нејзината ќерка Каја Џордан Гербер ќе ја надмине во тоа.

Исто како Синди, нејзината ќерка Каја (14), иако е сеуште млада, веќе плени со својата убавина.

Има идентична насмевка, усни, очи и облик на лицето како Синди, па доколку има желба би можела да биде успешна манекенка и фото-модел.

За ова најдобро сведочат фотографиите кои се направени пред неколку дена во Њујорк кога целото семејство биле на промоција на филм.

- Реклама -