Ќерката на Мерил Стрип со убавината ја засени и мајка си

Холивудската актерка Мерил Стрип неодамна се појави на црвениот тепих во придружба на својата најмлада ќерка Луис Гамер, која неодоливо личи на неа.

Embedded image permalink

Луис има 21 година и се занимава со фотомодел, а ретко кој знае дека има толку позната мајка. Таа е и најмалата од четирите деца, а во јули работела на кампања за модната куќа Диор, додека нејзините фотографии јавноста може да ги види во магазините „Vanity Fair” и „Glamour”.

 

Сепак, малкумина знаат дека тоа е нејзина ќерка од бракот со Дон Гамер, со кој е во брак 35 години.

- Реклама -