Додека се опоравува по обидот за самоубиство, Париз Џексон е сместена во интернат за деца со психички проблеми и ќе остане на понатамошно лекување.
Порталот TMZ пишува дека ќерката на кралот на поп музиката е во посебен интернат, каде се лекува од депресија и други психолошки проблеми, а може да остане и неколку години. Се работи за академијата Diamond Ranch во Јута.
На почетокот на јуни годинава, младата Парис се обидела да се убие, а потоа семејството дознало дека и пред тоа девојката имала тешки и црни мисли. По престојот во болница, 15- годишната Парис била испратена во интернат за деца со психолошки проблеми. Очигледно таа е веќе многу подобро, но во таа специјална институција ќе остане подолго време.
По трагичната смрт на кралот на попот- Мајкл Џексон, Парис во институцијата требало да биде неколку недели, но сега се вели дека ќе го заврши своето образование и ќе остане уште некоја година.