Ќерката на Еминем порасна во една убава млада девојка, а освен добриот изглед може да се пофали и со училишен успех.
Хејли Џејд Скот Матерс, позната како единственото дете на Еминем, предизвика внимание на светската јавност. Малата Хејли повеќе не е толку мала, и денес е успешна 19-годишна девојка.
Во летото од 2014 година матурирала со почести, а за време на средното училиште, била вклучена во работа со уметничката секција, ученичкиот совет и за училиштето играла и одбојка.
Планира да се запише на психолигија или претприемништво на универзитетот во Мичиген. Хејли не ја крие благодарноста на своите родители што ја обликувале во личноста која е денес.
„Мајка ми и татко ми секогаш ме поттикнуваа да бидам онаква каква што сум и секогаш ми даваа поддршка со цел тоа да го постигнам“, изјавила Хејли на завршувањето на средното училиште.
Родителите на Хејли, Еминем и Ким Матерс, своевремено ги полнеа насловите во медиумите со својата бурна врска. Двојката била во врска од средно училиште, во 1996 година ја добиле Хејли, во 1999 година се венчале, а веќе во 2001 се разведоа. За пет години двојката повторно стапи во брак, а за неколку месеци повторно се разведоа.