Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис го покажа бременото стомаче

 

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур ја изненади јавноста на социјалните мрежи, кога објави слика на која што во прв план е стомакот, а притоа се пофали дека очекува дете.„ Бебе е на пат. Возбудена сум бидејќи ќе се сретнам со својот нов мал пријател. Нов почеток“, напиша дваесетгодишната Талула Вилис крај фотографијата.

Сепак, обожавателите тврдат дека стомакот и е само подуен, а таа се пошегувала за оваа фотографија. Талула не ги коментирала овие претпоставки.

Нејзините сестри Румер (25) и Скаут (23), се познати по обидите на социјалните медиуми секојдневно да привлекуваат внимание, па не е исклучена можнста и најмладата да се угледала на нив.

- Реклама -