Моделот и телевизиска водителка Кели Брук го предводи лидерското место на британска листа за жена со „најубави нозе”.
Второ место остана за шармантната Шерил Кол, која освои 16 проценти од гласовите.
На третата позиција се наоѓа Бијонсе со собрани 14 отсто од вкупните гласови.
„Со сегашниот тренд на кратки здолништа и панталони жените се подложени на се поголем притисок да негуваат идеални нозе”, вели модниот експерт Џули Коутс.
Ова истражување покажува дека кај речиси половина од британските мажи, нозете на една жена се меѓу водечките критериуми, кој го привлекуваат посилниот пол. Друго истражување покажа дека британските жени сонуваат да ја имаат половината на Кели.
Според анкетата телото на идеалната личност треба да вклучува нозете на Бијонсе, носот на Саманта Камерон и косата на Кетрин Џенкинс.