Кејтин Џенер низ солзи му се заблагодари на своето семејство додека ја прифаќаше наградата Arthur Ashe Courage Award, во средата на ESPY настанот во Лос Анџелес.
65-годишната трансексуалка доби почесна награда и овации додека го направи својот прв голем јавен настап на доделување на наградите по објавувањето на нејзината трансформација во жена.
Кејтлин стана емотивна при крајот на говорот и им се заблагодари на семејството, вклучувајќи ја и својата мајка, сестра и деветте возрасни деца во публиката.
„Најголемиот страв во откривањето на Кејтлин Џенер беше мојот страв да не повредам никого, особено моето семејство и моите деца“, вели Кејтлин за својата борба со својата сексуалност.
„Толку многу сум благодарна што ве имам сите вас во мојот живот. Ви благодарам“, рече таа со треперлив глас бришејќи ги солзите од лицето.
Таа ја имаше честа да биде претставена од Аби Вамбач, која исто така има олимписки златен медал.
Кејтлин носеше бел фустан специјално направен за неа од Версаче.
Таа и се заблагодари на својата мајка Естер, која ја научила да дејствува со храброст, а нејзините деца во публиката се бореа да ги воздржат своите емоции и солзи.