Дали сте приметиле дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се почесто на настаните се појавуваат одвоено? наводно зад сето тоа стои добро смислен план…
Во последните неколку месеци по раѓањето на принцот Џорџ, на прсти се бројат настаните на кои присуствувале кралскиот пар- заедно. Во последно време Кејт Мидлтон се почесто се појавува во јавноста без принцот Вилијам, но тоа не е случајност.
Како што открива изворот близок на кралското семејство, зад тоа стои внимателно смислен план. Наводно се работи за тоа Кејт да биде во центарот на вниманието за да стане независен член на кралското семејство, со цел сама да создаде свој углед, о што поскоро да се прилагоди на улогата за идна кралица.
„Во овој момент се е во насока на создавање на одредена слика за Кејт Мидлтон во општеството и начинот на кој таа ќе биде доведена во центарот на јавноста. Вилијам и Хари се отсекогаш биле успешни во тоа, а сега е време да се истакне и Кејт. Кејт сега е подготвена многу повеќе самостојно да делува во јавноста, без придружба на Вилијам. Се чуствува удобно во својата јавна улога и многу научила од Вилијам“, кажал изворот за DailyMail.