Војводата и војвотката од Кембиџ присуствуваа на гала вечер во Њујорк каде се собираа донации…
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја поминаа последната ноќ во посета на Њујорк на гала вечера каде се собирале средства за Универзитетот Св. Ендрјуз во Шкотска. Интересно е што токму таму Вилијам и Кејт прв пат се запознале и заљубиле, а донираните финанскиски средства ќе бидат наменети за стипендии за надарените студенти, како и спортски и медуимски содржини. Некои од гостите платиле и 10 илјади долари само за да можат да присуствуваат на настанот во Митрополитен Музејот на уметност.
Принцот Вилијам и Кејт се сретнаа со кралевите на поп-музиката
„Не морам да ви објаснувам колку Св. Ендрјуз значи за мене и Катерина“, рекол принцот Вилијам на собраните гости.
Кејт заблеска во долг, темно син фустан на дизајнерот Џени Пекхам која го носела по трет пат, и која го истакна нејзиниот бремен стомак.
Од познатите личности на овој настан присуствувале комичарот Сет Мејерс, уредничката на Вог, Ана Винтур, актерката Мери-Кејт Олсен и нејзиниот партнер Оливер Саркози, полубратот на поранешниот француски претседател.