Кејт Мос: 25 години кариера и насловна на јубилејниот број на Плејбој

Кејт Мос беше удостоена со специјална награда од Британската модна  индустрија за нејзината 25-годишна кариера, набргу откако Playboy ја прослави 60-годишнината со нејзината слика на насловната на јубилејното издание.Американскиот дизајнер Марк Џејкобс и ја врачи на топмодел Специјалната награда за време на церемонијата на доделување на Британските модни награди во лондонскиот Колосеум. Британскиот совет за мода ја нарече 39-годишната Кејт Мос „бестрашна и интуитивна” и оддаде почит, за како што саиот кажа,  нејзината  силна работна етика и знаење за модната индустрија.

 

Мос ја започнува својата кариера како модел на 14-годишна возраст, откако талентот и е откриена од Сара Дукас во Њујорк. Оттогаш британскиот модел ги украсува кориците на најпрестижните модни списанија. Познатиот моден фотограф Марио Тестино вели за Мос: „Таа додава карактер кон модата и јас лично никогаш не можам да и се насладам”.

 

Дизајнерот Донатела Версаче ги  истакна енергијата, шармот и духовитоста  на Мос.

Што се однесува до Playboy, неговиот главен уредник Џими Џелинек рече за топмоделот: „Да ја  имаш Кејт Мос – светската модна икона и најголемиот супермодел во последните 25 години, на корицата,  на јубилејното издание , е совршен начин Playboy да ги  започне следните 60 години “.

- Реклама -