Кејт Мидлтон роди син

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам добија син.

article-2374032-1AF220A1000005DC-66_964x465 article-2374032-1AF22110000005DC-145_964x625

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтoн, донесе на свет машко дете. Веста за тоа дека таа и принцот Вилијам за првпат станаа родители ја прослави цела Велика Британија.

Големиот ден дојде: Пред Бекингемската палата во Лондон е објавено раѓањето на машко дете, во 16.24 часот во болницата St. Mary
Големиот ден дојде: Пред Бекингемската палата во Лондон е објавено раѓањето на машко дете, во 16.24 часот во болницата St. Mary

article-2374032-1AF169DC000005DC-529_964x461

Кејт се породила по природен пат, по осумчасовни болки. Момчето е тешко 3,79 килограми.

Принцот Чарлс, татко му на Вилијам испратил соопштение до медиумите:

„Мојата сопруга и јас сме многу среќни за нашиот прв внук. Тоа е многу посебен момент за Вилијам и Кетрин, возбудени сме за нив и нивниот син. Да се биде дедо е единствен момент во животот, а многу луѓе неколку месеци претходно ми го рекоа истото, многу сум горд и среќен. Едвај чекаме да го видиме бебето“.

Името на бебето се уште не е познато. Тоа ја доби титулата принц.

Погледнете ја еуфоријата и прославата на Британците во моментот на исчекување на полот на детето и по веста дека Кејт се породила

- Реклама -