Војводата и војвотката од Кембриџ продолжуваат со својата турнеја во Нов Зеланд, а овој пат посегнаа по кормилото.
Учествуваа во трката на јахти недалеку од Окленд, а пред трката Air Force им подготвиле посебен поздрав за добредојде. Кејт и Вилијам биле во спротивните тимови, а убавата војвотка дури два пати го победила својот сопруг управувајќи со кормилото!
Овој пат малиот принц Џорџ останал со дадилката, додека Кејт повторно ги маѓепса сите со својата суптилна елеганција.