Дваесетгодишната манекенка Кејт Аптон и 23 години постариот музичар Пи Диди се видени заедно во ноќниот клуб „Лав“ во Мајами Бич.
Според зборовите на еден од гостите на локалот, двојката се бакнувала цела вечер.
„Тие се бакнуваа и не се криеа“, рекол изворот.
Претходно таа вечер, Пи Диди на Твитер напишал: „Мајами…ниту една журка не е како онаа на која е Пи Диди…Најдете ме во клубот „Лав““.
Кога пристигнала во клубот, Кејт Аптон му се придружила на музичарот во ВИП делот каде што останале до доцна во ноќта.