Манекенката Кејт Аптон позираше за насловната на јунскиот број на американскиот магазин „Vogue“.
20-годишната русокоса во интервјуто уште еднаш истакнала дека е горда на своите облини и гради.
„Благодарна сум му на Господ што ми подари вакви гради. Некои работи, како што е големината на мојот градник, не можам да ги сменам. Го прифатив тоа и така ми се зајакна мојата самодоверба“, рекла Кејт Аптон, чии облини едни ги критикуваат, а други им се восхитуваат.
Манекенката била одбиена на кастинг на „Викторијас Сикрет“ затоа што ја окарактеризирале како „премногу очигледна“. Кејт изјавила дека и онака не сонува да шета по модните писти.
„Мојот сон е да започнам сопствена линија на долна облека“, открила таа.