Кечап што не е за малолетници

Код на шишиња од кечап, води кон порнографски сајт.

„Купи еден кечап и добиј бесплатно порно“  веројатно не била промоцијата која ја замислило маркетинг одделението на фирмата за производство на кечапи Heinz.

Heinz, која веќе е  во сопственост на компанијата на Ворен Бафет – Berkshire Hathaway, достави јавно извинување вчера откако клиент во Германија откри дека QR кодот на шишињата со кечап од брендот води кон порнографски сајт.

QR кодот на грбот на шишето бил дел од трката за дизајн на етикети, што имало за цел да ги однесе клиентите до сајтот на трката. Од Heinz тврдат дека нивната сопственост врз предметната интернет страница завршила по крајот на трката во 2014 година, по што таа била купена од некој друг.

 

Така неодамна кодот бил препратен до порнографски сајт. Даниел Корел е првиот кој го објавил гафот откако пуштил на страницата на компанијата на Facebook слика со коментар дека кечапот “веројатно не е за малолетни”.

„Веројатно вакви шишиња во моментов има во многу домови“, вели Корел.

„Несфатливо е зошто не сте го резервирале доменот на една или две години. Цената на еден германски домен никако не е висока.”

Поради непријатностите предизвикани од Heinz му понудиле на Корел бесплатно шише кечап со посебен дизајн. Од порно сајтот, кој во моментов е поврзан со QR кодот на шишињата, исто му понудиле бесплатно членство.

- Реклама -