Најбогатата двојка во светот може да стане уште побогата за 10 милиони долари.
Тејлор Свифт и Калвин Харис се најбогатата двојка во светот. Од првото место на листата на најбогати двојки ги „симнаа“ Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи. Сега Тејлор и Кевин можат да станат уште побогати и тоа за 10 милиони долари.
Модната куќа „Армани“ ќе стори сé што е во нивна моќ за Тејлор и Калвин да се соблечат по долна облека за својата нова капмања. Калвин за Армани веќе се има соблечено, но тие сакаат во тоа да му се придружи и Свифт.
Не се знае како познатиот пар има реагирано на понудата, но се знае дека Тејлор не сака да го покажува својот папок, па долната облека за неа мора да биде прилично интересна. Од Армани се надеваат дека овој познат пар може да го повтори успехот кога за кампања ги ангаираа Дејвид и Викторија Бекам, а ако тоа се случи, хонорарот може да надмине и 30 милиони долари.
Дали Тејлор и Калвин ќе одолеат на оваа понуда?