Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева упати апел и критика до судовите, дека мора да се забрзаат предметите за кои СЈО поднесе обвинение.
Според нејзе, доколку не се работи посериозно, голем дел од овие дела ќе застарат.
-Иако Врховниот Суд нема конкретен рок за одлука сепак мислам дека во случајот Труст ја злоупотреби својата положба и овластување со одлагањеето на одлуката за притвор за обвинетите. Тоа им овозможи на двајца (Грујевски и Бошковски) да добијат инсајдерски информации и да избегаат од државата – рече Јанева на презентацијата на преодниот извештај на ОБСЕ за судските предмети на СЈО.
Јанева не ја исклучува можноста да се формираат нови предмети и да се отворат истраги за нив во блиска иднина.