Агнус Џејмс, риболовец од Австралија, останал повеќе од изненаден кога уловил риба во локална река и сфатил дека всушност има дупли плен во рацете.
Во устата на рибата имало жива жаба!
Имено, кога Агнус се обидел да ја ја откачи јадицата од устата на рибата, забележал жива жаба, која што била проголтана момент пред мамецот. Рибарот веднаш го сликнал овој неверојатен настан, за да не остане сето ова сведено на уште една рибарска приказна.
Среќната жаба си продолжила по патот.