Карлеуша: Не пијам кафе и не пушам…цигари, а друго?!

Скандалозната Балканска мега ѕвезда Карлеуша, реши да одговори на неколку прашања на нејзините фанови. Одговорите се искрени, но и многу контроверзни.

Пороци

„Мислам дека за мојот убав тен е заслужна мојата исхрана. Јас не јадам чоколади, не пијам кафе и не пушам (не пушам цигари, а за ова другото топло ви го порачувам ха, ха, ха)“ – напиша пејачката.

Силикони

„Немам направено ниту една пластична операција на лицето, немам ни ботокс. Пред 15 години ги зголемив градите. Тогаш направив привремено полнење на горната усна, а резултатите беа катастрофални, па за среќа, по 6 месеци тоа ѓубре го снема. Имам полни усни како мојата мајка. Имам целулит, но за да се види некој мора да ме стисне. Немам никакви стрии. Не знам како или зошто. Немам „пластичен газ”! Не вежбам освен кога треба да се сликам. Мразам вежбање. Природно сум мускулеста и имам долги нозе како вонземјанин“, одговара пејачката.

- Реклама -