Kaрлеуша: Многу подобро изгледам сега, отколку на 26 години

Како што минуваат годините, јас се повеќе сфаќам дека моето време доаѓа, изјави српската пејачка.

Јелена Карлеуша неодамна имаше настап во Сплит, каде со своите хитови ги воодушеви хрватските фанови. После концертот, српската пејачка сподели неколку мислења.

– Мојата мајка вели: „ Ти Јелена не си дама. Пцуеш, се расправаш, викаш“, а јас и велам: „ јас никогаш не сум рекла дека сум дама. Не постои дама во шоу бизнисот. Штом си во шоу бизнис ти не можеш да бидеш дама“, навела пејачката.

Foto: Promo

Таа додава дека годините и донеле смиреност.

 

– Јас сметам дека изгледам многу подобро отколку на 26, а дефинитивно подобро од 16. Како што минуваат годините, се повеќе сфаќам дека моето време доаѓа, вели таа.

Карлеуша како естрадни личности што и се драги ги издвојува Северина и Јелена Розга, а фаворити од хрватската естрада и се Џибони, Оливер Драгоевиќ и Јосипа Лисац.

- Реклама -