Знаете како добро одговара бело вино и „версаче“ фустан- рекла српската пејачка додека јадела сараевски специјалитет.
Јелена Карлеуша заминала за Сараево во саботата во приватен авион за да присуствува на Сараевскиот филмски фестивал.
На аеродромот била пречекана од бројни новинатски екипи, а потоа се упатила кон црвениот тепих. Пејачката била скромна во барањата, па барала само ќебапи и кромид.
– Не сум размазена и разгалена! Кога ме прашаа за посебни барања, барав само ќебапи и кромид! Зарем да си одам од Сараево без да ги пробам нивните ќебапи?- вели пејачката, која блескаше на затворање на фестивалот во „версаче“ фустан, и истата вечер се вратила во Белград.