Каратист од Македонија воодушеви во првата епизода на X Factor

Алмир, натпреварувач од Македонија, ја воодушеви жири комисијата со интерпретација на песната „I believe I can fly“ и ги доби сите четири гласа.

Македонскиот претставник Алмир е вработен како оператор во една компанија за антивирус програми. Тој тренирал карате, а неговиот татко бил каратист. Настапот на Алмир беше самоуверен и емотивен, па со тоа натпреварувачот успеа да предизвика овации од публиката.

x2

Сепак, неговиот настап остави најсилен впечаток на Александра Ковач.

„ Ми дојде да истрчам на сцената и да испеам нешто со тебе. Браво, каков вокал, рече Александра, додека Жељко ја пофали неговата боја на гласот.

- Реклама -