Канје Вест објаснува зошто е тој Бог! (ВИДЕО)

За некои е арогантен рапер со огромно его, за други сето она што тој го вели е вистина, но едно е сигурно- Канје Вест успеа да оди чекор понатаму со неговиот документарен филм „Новиот завет на Канје Вест“ во кој објаснува зошто е тој Бог.
Во видео клипот кој трае цели 34 минути на едно место се собрани сите најинтересни изјави на Вест, а меѓу другото тој вели:

– Што не ви е јасно во реченицата дека јас сум Бог? Зарем јас не сум најголемата рок ѕвезда на светот? Зарем јас не сум тој кој влијае на сите музичари? Зарем не ја освоив девојката која ја сакав и основав семејство? Зарем не предизвикав проблеми кај два претседатела?- рецитира Канје, а вие процените колку неговите изјави се оправдани.

Погледнете го „Новиот завет“ на Канје Вест:

- Реклама -