Контроверзниот рапер ги остави неговите славни колеги со отворена уста и без зборови за време на неговиот настап на најновата песна од штотуку објавениот албум.
Канје Вест го претстави својот нов сингл „All Day“, но ја искористил приликата и за неколку пати да го каже Н-зборот (кој е понижувачки збор во превод „црнец“). Драма настапила и кога британската телевизика ITV се обидела да го цензурира тоа, но тоа предизвикало уште повеќе жалби од публиката.
Канје предизвика неверување во публиката по кажувањето на грдиот збор, најмалку три пати, па славните музичаро Лајонел Ричи и Тејлор Свифт биле видени со изненадени и запрепастени лица.