Еден канадски модел тврди дека раперот Кание Вест ја изневерил неговата бремена свршеница Ким Кардашиан откако се запознале после еден негов настап.
24-годишната Лејла Гобади, изјавила за магазинот „Star“ дека нивните „дружења“ започнале во јули 2012-та година и продолжиле дури и откако Ким објавила дека е бремена .
Нејзината одлука таа да го сподели ова со јавноста го објаснила со изјавата: „Ова ќе го уништи семејството Кардашијан. Лошо е. Навистина многу лошо. Едноставно е срамно. Но доколку јас бев Ким и го чекав моето прво бебе, ќе сакав да знам“.
Таа додала и дека Кание Вест за неговата врска со Ким велел дека „не е ништо сериозно, туку само за публицитет“.
Агентите на Кардашиан ги одбија овие изјави и ги нарекоа невистинити, додека претставниците на Кание се уште се немаат огласено.