Откако во петокот силно ја удри главата во сообраќаен знак обидувајќи се да се сокрие од папараците, Кание Вест се појави повторно во јавноста.
Се чини дека немилиот настан оставил длабоки траги на славниот рапер чија рана на челото укажуваше на тоа колку силно се удрил. 35-годишниот Вест беше уловен викендов додека заминуваше од куќата на неговата бремена девојка Ким Кардашијан, која беше со него за време на инцидентот.
Во продолжение погледнете го кусото видео од инцидентот во кој настрада Кание.