Канцеларија што „лебди“ над Алпите

Иако не е претседател на мултинационална компанија, операторот на жичницата во швајцарското скијалиште Портес ду Солеил ужива во канцеларија со неверојатен поглед кон Алпите од надморска височина од 2170 метри.

Романскиот трговец со недвижности Флорин Бисцу ја фотографирал колибата додека бил на скијање.

„Кога се спушта магла, се чини како да лебди над Алпите“, рекол тој за Daily Mail.

article-2434807-184FC68200000578-671_964x615

Колибата наскоро ќе биде срушена и ќе се замени со поцврста и помодерна структура. Иако остава впечаток како да е трошна, Флорин тврди дека е многу отпорна.

„Внатре е сосема сигурно, едиствено што е малку тесно. Доволно е цврста за една личност, но не и за повеќе. Страшно ме заинтригира. Многу е рустикална. Изгледа како домот на Чарли Чаплин во филмот „Златна грозница“, искоментирал трговецот.

- Реклама -