Кампањата „ Не на насилството“ доби соодветен одговор

Неодамна се појави видео спот за кампањата „Кажи НЕ на насилството“, која доби лавина од негативни коментари по социјалните мрежи, осудувајќи ги најмногу стереотипите застапени во истата.

Имено, насилниците се претставени како луѓе што слушаат метал, имаат пирсеви, живеат во неред, пушат цигари, пијат и што ли уште не.

Очигледно луѓето кои што стојат зад оваа кампања, не знаат дека стилот и изборот на музика немаат ни допирна точка со насилството, а бога ми одговорните, немаат ни општо познавање за металот како правец,  со оглед на постерот од Лејди Гага во собата.

Ако не сте упатени, еве го срамниот видео спот.

Сосема оправдано, ова видео доби одговор со наслов „ Кажи НЕ на предрасудите“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

„Ние продолживме со активности во рамки на проектот „Стоп за предрасудите“. Проектот во изминатиот период се реализираше со поддршка на моите пријатели. Во проектот беа вклучени луѓе со проблеми. Во правец на понатамошна одржливост на проектот за „Стоп за предрасудите“, ние продолжуваме да ги поддржуваме активностите за намалување на предрасудите помеѓу младите“, стои во описот на видео – материјалот.

Од МВР се оградија дека не се учесници, ниту иницијатори за оваа кампања.

- Реклама -