Луксузниот апартман може да се пофали со три спални соби, 3.5 бањи и домашен автоматски систем поврзан со iPad.
Апартманот е високо рангиран и многу посакуван од А-листа ѕвездите, поради неговото високо ниво на приватност. Камерон Дијаз ја победи и конкуренцијата од Blake Lively за да си обезбеди дом од соништата од 9 милиони долари во Њујорк. Актерката ќе се раскомоти во 280 метри квадратни луксузен стан во кулата Walker Tower, изградена во елитната населба Челзи во Менхетен.
Според TMZ, Камерон ќе треба да троши околу 5000 долари месечно за одржување и данок за недвижнини за нејзиниот нов имот.
Нејзини соседи во добро-одржуваната средина ќе вклучува ѕведи како Харисон Форд, Кејти Холмс и Никол Кидман. А Камерон ќе ги победи своите познати колеги во обезбедување на приватноста, што се должи на ѕидот дебел 45см, за кој останатите ѕвезди можат само да сонуваат.