Тианзи, или во превод „рајски син“, е името на неверојатните планини кои се наоѓаат во провинцијата Хунан во Кина. Ова место е толку уникатно, што не постои ниту едно друго слично на планетата Земја. Главна карактеристика се камените кули чии врвови достигнуваат и до 1262.5 метри надморска височина. Над самите планини растат многубројни борови што допринесуваат до уште поголема убавина на целокупниот пејсаж. Честата магла и облаците кои лебдат околу планините додаваат мистична атмосфера на и онака необичната област. Посетителите можат да се искачат до самиот врв со жичара и да уживаат во неверојатниот хоризонт од птичја перспектива.