Калиопи ги откажа претстојните концерти

Заради здраствени проблеми предизвикани од болка во бубрезите, Калиопи беше приморана да ја откаже балканската турнеја и претстојните концерти.

Таа во моментов се наоѓа под лекарски надзор, а во наредните неколку недели ќе подлегне и на ласерска операција, пишува во соопштението на нејзината официјална страница.

„Калиопи е моментално под лекарски надзор на уролог и, во наредните неколку дена, ќе биде подвргната на ласерска операција за разбивање на бубрежен камен.
Заради целата новонастаната ситуација Калиопи е во шок затоа што со голема радост и желба се спремаше за настапот пред хрватската публика.
Нејзината прва реакција била со лекарска помош и надзор да ги одржи пробите и концертот, што од страна на лекарите, нејзиниот менаџерски тим и продуцентот на концертот, Томислав Кашљевиќ не е одобрено.“

Калиопи ќе го одложи планираниот концерт во Загреб до првиот слободен термин, поточно за 18.февруари 2014 година. Согласно со тоа се одлага и концертот во Скопје кој што беше планиран за декември оваа година.

- Реклама -