Оваа година ќе наполни половина век, но британската актерка и понатаму изгледа како вистинска бомба!
Серијата „The Royals“ ги следи измислените авантури на кралското семејство од Велика Британија, и проблемите со кои се соочуваат членовите од кралското семејство. А, кога се објави првиот трејлер, веднаш се знаеше дека ќе биде хит штом во серијата ќе глуми Елизабет Харли.
Славната Британка оваа година ќе наполни 50 години, но тоа не ја спречило во новиот трејлер да се соблече- а со такво тело може да прави што ќе посака!
Елизабет ја игра улогат на кралицата Елена, како и 61-годишната легендарна актерка Џоан Колинс.
Ако судиме според трејлерот, не чекаат многу сочни сцени…